За нас

ГАМ-ГАМ КОМЕРЦ

Додека некои производители на мебел претпочитаат до максимум да ги минимизираат трошоците за да се справат со малата абсорбциона моќ на македонскиот пазар, има и компании, меѓу кои и ГАМ-ГАМ КОМЕРЦ, кои се потпираат врз употреба на квалитетни материјали и висококвалификувано и стандардизирано производство, користејки го квалитетот како главна алатка за свој маркетиншки настап на пазарот и за успех.









ПРОИЗВОДСТВО НА МЕБЕЛ

ГАМ-ГАМ КОМЕРЦ е компанија која во континуитет на македонскиот пазар носи нови материјали и технологии за дрвната и индустријата за производство на мабел, со единствена цел да им помогне на производителите во нивните напори да го зголемат нивото на квалитетот на производите, како и конкурентноста на домашниот и на пазарите во регионот. Затоа ве покануваме да ги посетите нашите изложбени салони за да ги видите сите новитети во оваа индустрија.









КВАЛИТЕТНИ МАТЕРИЈАЛИ

Производството на мебел е индустрија која има богата традиција на овие простори и вистински виртуози во овој занает. Ним им се потребни вистински, стандардизирани квалитетни материјали, што заедно со употреба на соодветна технологија е гаранција за успех на пазарот. Материјалите што ние ги нудиме се идеални за индустриско производство на тапациран мебел, но и за целосно репарирање на стар мебел, со што ќе добиете нов производ, со врвен квалитет.








ПРОИЗВОДИ

Најголем дел од производите што ги продаваме ги имаме на лагер, но без проблем можеме да излеземе во пресрет и на посебни барања од компаниите и да направиме увоз по нарачка. Знаеме дека добавувањето на некои производи потребни за изработка на мебел можат да ви создадат големи проблеми, па затоа наша цел е да ви помогнеме. Со нас секогаш ќе ги имате најквалитетните и најмодерните материјали потребни за изработка на мебел, без разлика дали за нив е потребна посебна нарачка или не.








Позади секое уникатно парче мебел стои ГАМ-ГАМ КОМЕРЦ, еден од главните добавувачи на репроматеријали во оваа индустрија.
КВАЛИТЕТ, СТАНДАРДИЗАЦИЈА И ВИСОКИ ПЕРФОРМАНСИ.