Општи услови за користење

Кој може да купува

GAMGAM.MK e достапен за користење за сите компании и физички лица над 18год. кои сакаат да ги нарачат производите. Доколку поседувате валидна платежна картичка издадена од некоја од банките во Република Македонија или пак преферирате производот да го платите при приемот истото можете да го направите на брз и лесен начин преку нашата шопинг страница.

Регистрација на корисник

Корисниците на GAMGAM.MK потребно е да направат регистрација на профил пред да можат да ги видат цените на производите и да направат нарачка.
За регистрација на корисни потребно е да го пополните формуларот за регистрирање кој е достапен преку линкот тука и при тоа да внесете точни податоци.
За правните лица кои сакаат да го користат сервисот потребно е при регистрацијата да изберете и група на купувачи “Големопродажба“ по што нашите администратори телефонски ќе ве контактираат за да ги потврдите податоците и ќе ве упатат да доставите тековна состојба на вашата компанија пред да ви биде одобрен профилот.

Начин на купување

Купувањето на GAMGAM.MK се одвива брзо и лесно. Одкако ќе го најдете производот кој го посакувате потребно е да го “ставите во кошничка“ и потоа во горнот десен агол да ја отворите вашата кошничка и да изберете Плаќање.
Панелот ќе ве однесе на страницата за плаќање при што потребно е да се регистрирате и да ги оставите вашите податоци, име и прзиме, адреса, телефон и емаил за да може производот да ви биде испорачан, како и да го изберете начинот на плаќање кој го преферирате.
На избор имате 3 начини на плаќање и тоа:

  • Плаќање при достава
  • Плаќање со дебитна/кредитна картичка
  • Плаќање преку банкарски налог
Плаќањето е апсолутно безбедно особено плаќањето со платежна картичка, при што доколку го изберете овој начин, панелот ќе ве однесе на страницата на Casys каде безбедно можете да ги внесете вашите податоци од картичката и да ја процесирате трансакцијата.
Целиот систем е обезбеден со SSL протоколк и Positive SSL сертификат, што значи сите ваши податоци се осигурани и заштитени.

Достава на производитедо купувачите

Доставата на производите може да се изврши преку Карго Експрес или друг ваш сервис за испорака со кој имате склучено договор.
Трошокот за испорака на нарачката не е вкалкулиран во цената и истиот го доплаќа купувачот при прием на нарачката.

Оштетување, неисправност и замена на производи

При приемот на пратката купувачот е должен да го провери производот кој му е испратен и доколку забележи оштетување или неисправност на производот тоа веднаш да го пријави.

Доколку производот подлежи на гаранција истиот ќе биде заменет во било кое време во предвидениот рок на траење на гаранцијата.
За производите кои не подлежат на гаранција доколку се пријават како оштетени подоцна од 24 часа од приемот на производот, истите немада бидат заменети.

Заштитни одредби

Вашата безбедност и сигурност при купвуањето е наш врвен приоритет. Затоа сите ваши персонални и осетливи податоци се внесуваат преку SSL протокол кој служи за заштита од злоуптреба. Дополнително Makstore.mk воопшто не доаѓа во допир со вашите податоци од платежната картичка туку истите ги внесувате во посебен панел на Casys каде се енкриптирани и се процесираат, а од таму системот враќа информации дали процесирањето на нарачката било успешно или не.

Авторски права

Сите производи, фотографии и информации околу производите се во целосна сопственост на GAMGAM.MK како носител и сопственик на брендовите. Секое неовластено превземање, копирање и објавување на содржините на GAMGAM.MK е казниво согласно законите на Р.Македонија и меѓународните одредби кои се прифатени и се практикуваат во Р.Македонија.